Жителите на германско село кое се наоѓа на границата со Франција и понатаму купуваат багети и кроасани, и покрај сообраќајните препреки поради паднемијата со вирусот корона, а за тоа најмногу им помага трска за рибарење.
Од продавницата која се наоѓа на некогашниот граничен премин во градот Карлин, во одделот Мозел, сопственичката на пекарницата Миријам Жансерн-Буалит мора секое утро да помине десетина километри, освен во понеделник кога е затворена пекарницата, за да донесе свежи пекарски производи до гурманите од германската страна, нарачани ден претходно по телефон.
Притоа, таа мора да ја помине улицата што ги дели двете држави.
Откога, поради пандемијата на вирусот корона, беа проширени мерките за движење, купувачките од германската страна повеќе не смеат да влезат во францускиот дел.
„Ги има многу помалку бидејќи имаат детални контроли“, вели пекарката.
Меѓу нејзините најверни купувачи е и Хартман Феј, педесет и две годишен жител на Лтербах, село во соседниот германски регион Сарлан, кој купува француски пекарски производи цел живот.
На социјалните мрежи тој објавил и видео клип на кој се гледа како Миријам му ги носи багетите и кроасаните, а поради избегнување близок контакт, тој ги презема со помош на трска за рибарење.
Со насмевка вели дека на тој начин за да го истакне „француско-германското пријателство“. Освен добрите соседски односи, овде станува збор и за традиција. Својот леб го купувам во Франција одамна“, појасува тој.