Ништо од Кејлор Навас

98

Актуелниот шампион на Франција, тимот на ПСЖ, не успеа во намерата да се ослободи од услугите на репрезентативниот голман на Костарика, Кејлор Навас. Иако во изминатите неколку дена, челниците на ПСЖ беа седнати на преговарачката маса со тие на италијанскиот калчолигаш Наполи, двете страни сепак не успеаа да најдат заеднички јазик околу обештетувањето кое требаше да биде околу 10 мил. евра.