Хабиб Нурмагомедов уште еднаш потврди дека нема намера да се врати во УФЦ-борбите.

Во интервју за „Спорт24“, популарниот „Орел“ потврди дека нема да има ништо од враќањето и дека нема желба да се бори, и покрај шпекулациите за негово евентуално враќање во октагонот.

  • Да почнеме со она што сите го интересираат. Желба, глад. Мора да постои мотивација, желба. Ако не си гладен, тогаш…, истакна Хабиб, па продолжи:
  • Во овој спорт сум долги години, го работам ова цел живот и нема никој во моментов со кој би сакал да се борам. Знам дека има многу луѓе кои би сакале да заработат пари и што треба да направам сега? Многу луѓе не сакаат да ме разберат.

Тој има намера да се посвети на тренирање роднини и други борци од неговата спортска сала.

  • Имам многу планови, а борбите не се во тие планови. Тренирам за себе, задоволство ми е. Сакам спаринг, борење, удирање во фокуси и вреќи за боксирање. Секогаш ќе го правам тоа, но борбите не се во моите планови.

На крајот, истакна дека никогаш нема да го прекрши ветувањето на неговата мајка дека повеќе нема да се бори.

-Мајка ми е најомиленото суштество што ми остана. Никој нема да ме натера да ја разочарам, заврши Дагестанецот.