Хрватскиот борач Иван Хуклек, кој беше поразен од Зураби Датунашвили во борбата за бронза на Олимписките игри, доживеал голема трагедија пред да пристигне во Токио.

Хуклек освои место на Олимписките игри во Софија во мај, а кога се вратил во Хрватска, откри дека претрпел исклучително тежок удар само две недели пред тоа,поради што се двоумел дали ќе настапи во Токио.

Имено, на крајот на април 2021 година, почина неговата 11-годишна сестра Марта.

  • Пред две недели почина сестра ми Марта, а јас тогаш реков дека не сакам да одам на олимписките квалификации. Во тој момент, немав волја за такво нешто, но моето семејство – мајка ми, татко ми, сопруга, моите браќа – ми рекоа дека морам да одам поради неа. На крајот, заминав поради Марта, ја постигнав нормата, која им ја посветив. Би го дал сето ова само да беше жива, истакна Хуклек.
  • Тешко е кога родителите губат 11-годишно дете, а кога брат губи сестра – уште потешко. Тоа беше голем шок за мене и ми требаше утеха. Кога разговарав со моето семејство откако ја освоив нормата за Олимписките игри, сите плачеа. Ова беше првпат да се радуваат за нешто, додаде тој.