„Ланксас Арената“ во Келн, викендов по 12. пат ќе биде домаќин на четирите најдобри екипи во ракометната Лига на шампиони. На завршниот турнир во Келн за титулата оваа година ќе се борат тимовите на Нант, тим за кој игра најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров, Барселона, ПСЖ и дебитантот Алборг.

Но меѓу ракометарите кои оваа сезона ќе се борат за трофејот треба да се истакне поранешниот среден бек на Вардар, а сегашен на Барселона, Хрватот лука Циндриќ. Хрватот оваа година во Келн ќе биде единствениот играч на кого ова ќе му биде петти последователен настап на Ф4 турнирот.  За успехот да биде поизразен – почнувајќи од 2017, тој ова го направи со три различни клубови – Вардар, Киелце и Барселона.

Во 2017 година даде огромен допринос во историската прва титула на Вардар, а во последните три сезони не успеа повторно да се закити со титулата.

Од ракометарите од Балканот, Момир Илиќ има играно осум пати на завршниот турнир, од кои шест пати во низа во дресот на Кил и Веспрем. Петпати на Ф4 турнирот играше и Хрватот Домагој Дувњак, на нашиот Кирил Лазаров ова ќе му биде седми завршен турнир, а вкупно девето полуфинале од Лигатна на шампионите, но и тој нема настапено петпати во низа на еден Ф4 турнир во Лигата на шампионите.