Грчкиот тенисер Стефанос Циципас, истакна дека мора да поработи на одредени делови од својата игра, но само кога игра во завршницата на грен слем турнирите. Тој пред неполни две недели беше елиминиран во полуфиналето на Австралија опен, од Русинот Данил Медведев.

-Да бидам искрен, немав јасна цел на Австралија опен. Како и обично, сакав да го освојам турнирот, исто како и останатите 127 тенисери. Секој меч што го добив беше подобар од претходниот. Одличен успех за мене беше што стигнав до полуфиналето. Морам да поправам некои рработи доколку сакам да направам неколку чекори понапред, поточно кога би играл во грен слем финале, изјави Циципас.

Гркот годинашниов пласман во полуфиналето на Австралија опен го спореди со она во 2019 година.

-Имав две потполно разлиочни емоции. Во 2019 првпат успеав да стигнам до полуфинале на еден грен слем турнир и затоа се чувствував многу добро. Тоа беше момент кој претходно никогаш го немав доживеано, откри талентираниот грчки тенисер.

Цициапс минатата година се пласираше и во полуфиналето на Ролан Гарос, а најголем успех во кариерата му е осовјувањето на Завршниот мастерст турнир во Лондон во 2019 година.