Американски и грчки воени авиони денеска со прелет над Скопје го поздравија членството на Република Северна Македонија во НАТО.

Денеска и на македонското небо можевме да видиме дека е точна тезата „Ние сме НАТО“, Република Северна Македонија стана 30 членка на НАТО после 30 годишни напори. За жал немавме можност во сред пандемијата со коронавирусот да го прославиме нашето членство, меѓутоа денешниот настан заедничата координирана акција на нашата Армија заедно со НАТО командите и со восдухопловните сили на САД, покажува дека интеграцијата не е само политичка, туку реална, воена и одбранбена.

Ова го изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Фото: Н. Батев, Ѕ. Плавевски