Не се сакаат, нема емпатија и многу се негативни

822
epa10191505 Inter's Roberto Gagliardini (C) reacts after the Italian Serie A soccer match between Udinese Calcio and Inter Milan in Udine, Italy, 18 September 2022. EPA-EFE/GABRIELE MENIS

Фудбалерите на Интер го запишаа и третиот пораз во последните четири натпревари од италијанската Серија А и на тој начин потврдија дека се во голема криза.

Секој пораз на Интер привлекува големо внимание, па така беше и после дерби пресметката на „Џузепе Меаца“ која заврши со минимален триумф на Рома од 2:1. Сосема очекувано, по натпреварот имаше критики од сите можни страни, но најдиректен беше поранешниот капитен на Лацио, Пауло ди Канио, мој моментално работи како стручен коментатор.

Ди Канио го привлече вниманието на фудбалската јавност со изјавата дека иако звучни неверојатно фудбалерите на Интер воопшто не се сакаат.

  • Не гледам дека го имаат потребниот мир, многу се негативни. Нема емпатија, не се сакаат, имам впечаток дека мислат само на индивидуалниот ефект и сакаат да ја спасат сопствената репутација и тоа што го играат. Станува збор за многу важни работи, Интер не може да биде толку лош, да има веќе четири порази. Сите заедно мора да излезат од оваа криза, изјави Ди Канио.

„Нероазурите“ први дојдоа во водство со погодокот на Димарко, но „волчицата“ направи целосен пресврт со погодоците на Дибала и на Смолинг. Интересно, по натпреварот, предводникот на Интер, Симоне Инзаги изјави дека неговите фудбалери го одиграле најдобриот натпревар во актуелната сезона.

  • Го загубивме нашиот најдобар натпревар во актуелната сезона. Сите мора да бидеме подобри. Прво јас. Загубивме во натпревар во кој нашиот голман немаше ниту една интервенција, изјави Инзаги.

Во првите осум кола Интер има четири порази и веќе има негатива од осум бода во споредба со лидерот на табелата, тимот на Наполи.