Американскиот УФЦ бореч Џастин Гаетхеј го воодушеви светот на боречките спортови со своето однесување на крајот од борбата против Доналд Керон на UFC „Fight Nightz 158“

Прво со кроше жестоко го здрма противникот, а потоа со срија удари го легна на подот и кога сите мислеа дека ќе го докрајчи како што сите прават кога протвникот е на колена, Џастин од судијата побара да ја прекине борбата, бидејќи повеќе не сакаше да го удира противникот. Меѓутоа мораше да упати уште неколку удари за да го натера да ја прекине борбата. Меѓу тие удари луто го гледаше судијата и бараше да ја запре борбата.

По прекинувањето на борбата продолжи бесно да му дофрла на судијата, бидејќи сметаше дека предоцна ја прекинал борбата.

-Му викав на судијат, бидејќи велеше дека борбата е готова ако некој од борците падне на лице. Тој два пати падна на лице, а јас морав да продолжам да го удирам. Не е тоа судиска грешка, тој си ја работеше својата работа, но на подот лежеше мојот пријател и не сакв да продолжам да го удирам, изјави победникот по крајот на борбата

Борците изненадија и со својот однос по завршување на борба.

-Ова беше грозно и не сакам тоа никогаш повеќе да се повтори. Не сакам да се борам против пријателите, изјави Џастин на кого ова му беше трета победа по ред.