Се повеќе тенисери се противат на игтрањето на грен слем турнирот САД Опен, кој треба да стартува на 31. август. Причината за ваквата одлука е тоа што во Америка не стивнува пандемијата со коронавирусот.

Последен кој јасно кажа дека нема намера да патува во Њујорк е францускиот тенисер Беноа Пир. Тој исто како Ѓоковиќ и Надал смета дека состојбата во САд е премногу ризична за да се игра тенис.

  • Пред еден месец би ракол дека состојбата е подобра, кафулињата почнаа повторно да работат, исто така и рестораните, а сега е катастрофа. Постојат гоелми ризици ако заминам во САД. Тоа е коцкање со живото. Имам многу позитвни и смртни случаи, изјави 31 – тенисер во севетот.
  • Заминувањето таму е ризик за да бидам контаминиран. Сакам да играм тенис и да патувам, тоа е нашето секојдневие, но ако ризикуваме со заминувањето во САД, притоа да ги почитуваме правилата за карантин, се чини комплицирано. Покрај тоа ако играме на САД Опен ќе мора да ги жртвуваме Мадрид и Рим. Мора да се пронајдат летови за да се стигне на сите места. Јас не би сакал да играм на грен слемот во „Големото Јаболко“ Дури и ако постои финансиско ограничување заради прекин на сезоната, преферирам да не играм. Сакам да останам жив и во добро здравје, заврши Французинот.