Американските трупи втор ден испукуваат солзавец за да растераат демонстранти собрани пред американската Амбасада во Багдад.

Пред објектот на Амабсадата десетици проирански милитанти и нивни приврзаници се уште демонстрираат ден откако упаднаа во тој објект и унуиштија зона за прием и искршија прозорци.

Американски маринци кои ја обезбедуваат Амбасадата фрлија созлавец откако демонстранти запалија оган на кров на објект за прием. Од објектот се уште се издига чад.

Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини Иран за нападот врз Амабсадата во Багдад. Иран отфрла каква било вмешаност во тој инцидент.