Шестиот тенисер во светот Германецот Александар Зверев, елиминиран беше во четвртфиналето на турнирот во Минхен, но реши да си ја отвори душата и да проговори за една од најактуелните теми во светот на спортот, а тоа е Дејвис купот.

Познато е дека компанијата „Космос Тенис“, чиј сопствник е фудбалерот на Барселона Жерард Пике, вложи големи пари во наредните 25 – години во Дејвис купот. Променет е форматот, а Зверев не играше на овој турнир во Мадрид во 2019 година. Германецот беше противник на оваа идеја и ниту сега не се плаши да каже што мисли за тоа.

-Со пари не можете да уништите традиција стара 120 години, особено не ако сте фудбалер и доаѓате и велите „од сега вака ќе се игра“ и одненадеж сите тоа го прифаќаат. Видовте до каде доведе објавувањето дека ќе се игра Суперлига во фудбал. Тоа ме прави навистина тажен, вели Зверев.

Финалистото од грен слем турнирот САД Опен, од минатаа година, претходно истакан дека ќе размисли дали годинава ќе игра на финалниот турнир во Дејвис купот.

Не е дека не сакам да играм за репрезентацијата. Ќе размислам за тоа. Јас сакам да играм за Германија. Во спортска смисла, Олимпискте игри се нешто најгоелмо каде што може да се учествува во националниот дрес. Не е важно каде ќе земете медал, важно е тоа да се направи на вистинскиот начин, заврши Зверев.