Не може да бидеш најдобар ако размислуваш како Погба

69

Фабио Канаваро, пензионираниот италијански фудбалер кој во 2006 година ја доби и најважната индивидуална награда во фудбалскиот свет – „Златната топка“ на Франс Фудбал, откри што точно мисли за францускиот интернационалец од редовите на калчо гигантот Јувентус, Пол Погба. Денес, 48-годишниот Канаваро, признава дека е воодушевен од Погба како фудбалер, но смета дека бил непрепознатлив во последните неколку години како фудбалер на Манчестер Јунајтед.

Италијанецот се сомнева дека Погба е максимално фокусиран на фудбалската игра и дека најмногу се замара со својот изглед и имиџ.

  • Кога еден фудбалер, така размислува, тогаш истиот не може да биде дел од најдобрите. Но, јас сум убеден дека сака да се освети во својот кам-бек во Италија, изјави Канаваро.

На почетокот од летниот преоден рок, францускиот интернационалец како слободен фудбалер се врати во редовите на „старата дама“. Тој по втор пат си замина од Манчестер Јунајтед и по втор пат се враќа на „Алијанц арена“.

Иако најверните фанови на Јуве беа воодушевени од кам-бекот на Погба, фудбалерот влезе во конфликт со клупските челници поради одлуката да не прави операција на повреденото колено затоа што сака да биде дел од престојниот Мундијал во Катар.

Францускиот весник „Л’Екип“ пишува дека челниците на „старата дама“ не се задоволи од одлуката на Погба за „конзервативна терапија“ затоа што тие биле за опцијата операција и за пропуштање на Светското првенство во Катар.