Центарот на Њујорк Никс, Мичел Робинсон, моментално доживува семејна драма, бидејќи неговиот татко исчезнал. Тој на социјалните мрежи објави дека не го видел својот татко од 11 февруари и дека никој не знае каде се наоѓа, а воедно побара помош јавно и сега започна потрагата по исчезнатиот Робинсон сениор.

  • Татко ми е исчезнат и ако знаете нешто за неговата локација ве молиме контактирајте ме. Не знам каде те сокрил ѓаволот, но дојди дома тато, напиша Робинсон.

Овој 213 сантиметри висок центар беше драфтуван во 2018 година од Њујорк Никс во втората рунда на драфтот, а оваа сезона е стартер во речиси сите натпревари на Никс.