За еден месец шест лица се заразиле со сида, четворица со  кламидија и осум со шуга… Ова се само дел од бројките на Институтот за јавно здравје  кои се содржани во анализата на заразните болести за октомври, каде што статистиката покажува дека  во овој месечен период  во земјава  се регистрирани вкупно 335 заболени лица од повеќе заразни заболувања. ИЈЗ  најголем број од заболувањата во октомври припаѓаат на цревни заболувања  ентероколити. Најмалиот заразен пациент е  шестмесечно бебе  од Струмица заболело со  менингококна болест

 

Во земјава не е само заразна короната има и други болести што ги мачат граѓаните. Така во октомври за над 55 отсто е зголемен бројот на заразни болести  во однос на септември, а на оваа листата на заразите се најдоа  и сексуално преносливи болести.  Така само во еден месец се регистрирани  шест лица со сида, 4 случаи на инфекции со кламидија и 2 случаи на вирусен хепатитис Б. За период од 30 дена се евидентирани и 11 лица со овчи сипаници, 6 случаи на инфективна мононуклеоза , 5 лица  се заразиле со  скарлатина ,едно добило заушки. Најмалиот заразен пациент е  шест месечно бебе  од Струмица заболело со  менингококна болест.

Ова се само дел од бројките на Институтот за јавно здравје  кои се содржани во анализата на заразните болести за месец октомври. Статистиката покажува дека  во овој месечен период  во земјава  регистрирани сe вкупно 335 заболени лица од повеќе заразни заболувања. Во овие бројки не се  вклучени заразените со ковид-19, грип, туберкулоза и хронични носители на хепатит Б и Ц и ХИВ. Преку системот за надзор на заразни болести пристигнати се пријави за 3.469 случаи на COVID-19 и 281 смртни случаи

Како дел од акутните заразни заболувања, во октомври се регистрирани и осум  случаи на шуга и по  еден случај на вирусен енцефалит и неозначен вирусен хепатитис.

Како што посочуваат од ИЈЗ  најголем број од заболувањата во месец октомври припаѓаат на цревни заболувања  ентероколити. Во оваа група пријавени се 32 случаи на салмонелози , 9 инфекции предизвикани од E. Coli , 6 бактериски алиментарни инфекции и интоксикации  2 случаи шигелоза  и еден случај на вирусен хепатитис А. Во овој период не се регистрирани смртни случаи од акутни заразни заболувања.

Најголем број заразни заболувања  е регистриран на територија на ЦЈЗ Скопје, а најмал број е регистриран во ЦЈЗ Тетово. Во однос на  бројот на жители  во октомври најмногу заразни болести има во Прилеп, а најмалку во Тетово.

-Во истиот период  пријавени се 124 случаи на заболени од групата на капкови заболувања (37%). Од нив, најголем број, 11 лица биле заразени  со овчи сипаници. Пријавени се 6 случаи на инфективна мононуклеоза , 5 случаи на скарлатина , и по еден случај на заразни заушки и менингококна болест-анализира Институтот за јавно здравје

Од Институтот прецизираат дека  шест месечно доенче од Струмица било заразено со менингококна болест и било третирано на детско одделение во општата болница во  Струмица, а потоа  и  на Клиника за детски болести во Скопје. Сите кои биле во контакт со детето примиле профилактична терапија и за среќа се во добра здравствена состојба вклучително и доенчето.

-Во групата на сексуално и крвно преносливи инфекции (без ХИВ/СИДА) се регистрирани 6 заболени лица  од кои  4 случаи на инфекции со Хламидија и 2 случаи на вирусен хепатитис Б, кои не подлежат на задолжителна вакцинација, согласно Календарот за имунизација и не се вакцинирани – појаснуваат од ИЈЗ.

Во групата на ретки заразни болести пријавени се  две ехинококози и еден случај на лајшманијоза, кај  29 годишно машко лице  од Струмица.

-Во текот на месеци октомври, ИЈЗ регистрира и шест нови случаи на ХИВ/СИДА Сите пријавени лица се од машки пол, а во однос на возраста, две лица се во возрасната група 30 до 39 години, три лица се во возрасната група од 40 до 49 години и едно лице од 50 до 59 години. Според местото на живеење, случаите се: две лица од Скопје и по едно лице од Битола, Велес, Гевгелија и Кратово анализираат од Институтот.

Од првиот  пријавен случај  на ХИВ/СИДА во 1987 до 31 октомври 2021 заразени се  541 лице. Од нив 117 лица починале, а  423 лица живеат со ХИВ/СИДА.

Во октомври не се пристигнати пријави за заразни заболувања кај странски државјани кои престојувале во земјава, но има 13 задоцнети пријави од ЦЈЗ Скопје од месец јули и август.  За овие два месеци пријавени се 8 салмонелози, 4 државјани на Р Шведска, 3 државјани на Р. Хрватска и еден државјанин на Р Косово. Има и д ве пријави за алиментарна интоксикација за двајца државјани на Р Хрватска. Дополнително пријавени се 3 енетроколити, за државјани од Р Косово, Чешка и Босна и Херцеговина.

(В.Ма.)