Секс-скандалот со тренерот на Бостон Селтикс, Име Удока, кој спиел со жена од клупската организација и е суспендиран на една година, никако да заврши. Овој пат се огласи и најмладата сестра на кошаркарот на Бостон, Ал Хорфорд, Ана Хорфорд (29), која беше поврзувана со Име Удока, околу секс-скандалот.

  • Разбирам дека е „тролање“, но по цел ден ме спамаат тие пораки. Не е смешно. Разбирам дека сакате само кликови, но се мајтапите со вистински луѓе, кои немаат никаква врска со ова. Навистина не е во ред, напиша Ана, која е во брак со Англичанец.

Според засега познатите информации, Удока за време на првата сезона на клупата на Бостон бил во врска со една од колешките во стручниот штаб, а за тоа време тренерот бил свршен со актерката Ниа Лонг со која го има синот Кез. Инаку, Удока минатата година го предводеше Бостон до големото финале во НБА лигата, каде загуби од Голде стејт.

  • Кога гледате како луѓето го менуваат целиот свој живот и тргнуваат по патеката на просветлување, гушкаат дрвја, се поврзуваат со природата, се сакаат себеси, ја прифаќаат позитивноста, дозволуваат сончевата светлина да им свети на нивната кожа, тогаш разбирате една работа. Со сета таа светлина што ја гледате, разбирате дека сите поминале низ темнината за да стигнат таму. Нема сенка, нема светлина, запознајте ја сенката, запознајте ја светлината, напиша актерката во првата реакција за неверството на својот партнер.