Нетанјаху по нападот од Иран: Пресретнавме, одбивме, заедно ќе победиме

172

Израел ќе победи откако ќе се одбрани од налетот на ирански беспилотни летала и проектили, изјави денеска израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Пресретнавме, одбивме, заедно ќе победиме“, рече Нетанјаху во кратка објава на мрежата Х.

Изјавата на Нетанјаху уследи по двочасовната проценка на ситуацијата со министерот за воен кабинет Бени Ганц и министерот за одбрана Јоав Галант, според Тајмс оф Израел, пренесува Танјуг.

Синоќа, Иран лансираше стотици беспилотни летала и крстаречки ракети кон Израел, како одмазда за нападот врз иранскиот конзулат во Дамаск во кој загинаа командантот на Револуционерната гарда во Сирија и Либан, Мохамад Реза Захеди и неговиот заменик. како и пет полицајци кои ги придружувале.