Близок извор до таборот на шпанскиот гигант Атлетико (М) откри дека клупските челници за време на летниот преоден рок ја одбиле богатата понуда на германскиот бундеслигаш Баерн (М) која била наменета за португалскиот интернационалец Жоао Феликс. Раководните лица на актуелниот шампион на Германија биле подготвени да одвојат 85 мил. фунти за обештетувањето на крилниот напаѓач, но таквата понуда експресно била одбиена.