EPA-EFE/Marta Perez

Легендарниот шахист Анатолиј Карпов (71) е во индуцирана кома. Поранешниот светски шампион има оштетување на мозокот, а поради тоа, лекарите во Москва не сакаа да ризикуваат. Информацијата ја потврди неговата ќерка, Софија. Таа ги демантираше шпекулациите дека „нејзиниот татко бил нападнат и претепан, како што пренесоа некои медиуми“.

Тој моментално се наоѓа во главниот град на Русија, во болницата „Склифосовски“, која е една од најпрестижните во овој град. Лекарите извршиле прегледи и констатирале дека се работи за повреда на мозокот, а по дополнителни прегледи и анализи ќе донесат одлука за понатамошното лекување.

  • Карпов е во тешка состојба, лекарите се грижат за него, а, исто така, сакам да истакнам дека немало никаков ќотек, напад или нешто слично – изјави Кирил Зангалис, претседател на Руската шаховска федерација.

Капров е еден од најдобрите шахисти во историјата на овој спорт, тој беше светски првак од 1975 до 1985 година.