Нема во Македонија, но има во Белгија : спомен-соба на Есма Реџепова отворена во Брисел!

341

Оваа спомен-соба ќе има и подвижен карактер така што ќе гостуваме во уште 15-ина европски метрополи, вели среќната Елеонора, наследничката на кралицата на песната, која е сега воедно и пејачка во ансамблот „Есма’с бенд“.

Додека кај нас според нашите стари познати обичаи, сè што е вредно главно ќе се уништи, како што е жив пример со легендарната Есма Реџепова, чија куќа на скопско Кале е сосема ограбена, а и така оставена на волја и неволја на кој како ќе му се сака, во Брисел во Белгија пред неколку дена е отворена ексклузивна спомен-соба во која покрај спомените на Есма почесно место заземаат и спомените на нејзиниот сопруг Стево Теодосиевски. На тој начин македонскиот Музеј на хуманоста своето место си го најде во странство, далеку од родното место на кралицата на песната.

Интересот е огромен, многу луѓе доаѓаат да видат.
И сета тоа се оствари благодарејќи и на пејачката Елеонора Мустафовска, која што Есма ја призна за нејзината единствена ќерка-наследничка. Во целата таа работа огромна поддршка Елеонора ја имаше од својот сопруг Оливер Бони и организацијата “Esma-Carrefour de Cultures”.

-Мама Есма направи многу за мене, а заслужува многу повеќе од ова. Во Брисел до 15-ти месецов, ќе бидат изложени многубројни фотографии, неколку фустани што Есма ги носеше на своите концерти, нејзиниот накит, последната книга за Есма како и многу,многу други работи. Оваа спомен-соба ќе има и подвижен карактер така што ќе гостуваме во уште 15-ина европски метрополи, вели среќната Елеонора која е сега воедно и пејачка во ансамблот „Есма’с бенд“.

Во склоп на ова, посинокот на Есма, хармоникашот и композитор Симеон Атанасов уште еднаш апелира до македонските власти: „Ова да биде уште еден поттик да го решат судскиот спор кој што трае скоро пет години. Есма и Стево Теодосиевски заслужуваат, тоа се единствени уметници кои го оставија цел свој труд на Мајка Македонија.“ (Дуле Миќиќ)