Некој тука нас доволно не не цени!

86

Фудбалерите на Интер во последното коло од Серија А забележаа сигурен триумф од 2:0 на гостувањето во Бергамо и на тој начин актуелната сезона ја завршија со само еден бод помалку од старо-новиот шампион на Италија, тимот на Јувентус.

Тимот кој беше предводен од трофејниот стручњак Антонио Конте, загуби само четри натпревари и прими најмла број на погодоци (вкупно 36), но одигра дури десет натпревари без победник. Во продолжението од сезоната, која беше прекината поради пандемијата со коронавирусот, само Милан и Рома имаа подобри резултати од „нероазурите“.

Најзаслужен за одличната сезона на Интер е Антонио Конте, кој создаде сериозен тим, на кој му недостасуваше само еден или двајца играчи за да биде уште поконкурентен во борбата за шампионската титула.

Веднаш откако и официјално беше одигран и последниот натпревар за сезоната 2019/2020, Конте јавно ги критикуваше клупските челници, а за италијанските медиуми тоа е јасен знак дека трофејниот стручњак планира да си замине од „Џузепе Меаца“.

  • Оваа година беше навистина тешка. Мислам дека играчите не го добија тоа што го заслужија поради тоа што го направија, а исто го мислам и за себе. Не бевме доволно заштитени од клубот и мислам дека Интер мора да напредува на сите полиња. Големиот клуб мора подобро да ги заштитува своите играчи и јас затоа сакам да разговарам со клупскиот претседател, но тој сега е во Кина. Играчите беа фантастични. Играчите беа фантастични, се изолираа од сите проблеми во клубот и беа обединети во соблекувалната, изјави Конте.

Поранешниот селектор на Италија и тренер на најтрофејниот клуб во Серија А, додаде дека ја нема потребната подршка од клупските челници.

  • Јас имам проблем со тоа што имам визија и знам по кој пат сакам да одам, но на тој пат немам подршка од клупските челници. Пред неколку дена го читав интервјуто кое тогашниот тренер на Интер, Лучијано Спалети го даде во 2017 година. Три години подоцна, се е исто. Јас можам да бидам лидер цела година и се да влечам со себе, но ако ништо не научиш од таа година, тогаш си будала. Мора да се разбереме, тука јас не зборам за никакви трансфери или за тимскиот квалитет, додаде Конте.

Италијанските медиуми се убедени дека Спалети во тоа време мислел на големиот број на „шпиуни“ во клупската структура кои редовно на медиумите им ги сервирале најсочните пикантерии од соблекувалната и на тој начин ја уништувале хармонијата помеѓу играчите.

Ова не е првпат Конте да влезе во „војна“ со клупските челници. Во Јувентус даде отказ после три шампионски титули затоа што влезе во конфликт со клупските челници, а во Челзи даде отказ затоа што не му се допаднаа клупските одлуки.