Ужасни вести пристигнуваат од САД откако тамошните медиуми пишуваат дека кошаркарот на Атланта, Чендлер Парсонс, би можел да ја заврши кариерата.

Парсонс имал сообраќајна несреќа на 15 јануари, по што беше пријавено дека има повреда на главата и потрес на мозокот, но сепак се работи за повреда со сериозни последици.

Адвокатската канцеларија „Морган и Морган“, која го застапуваат Парсонс, преку соопштение тврдат дека на кошаркарот му биле оштетиле делови од мозокот и создале дискус хернија на ‘рбетниот столб и скинат лабрум во рамото.

-Чендлер беше во врвна физичка кондиција во моментот на несреќата. Тој сега работи со тимски лекари за да ја подобри својата состојба и да го врати здравјето. Неизвесно е дали тој ќе може да игра во овој момент, а сега фокусот е ставен на закрепнување, бидејќи бараме одговорност од страните учеснички. Возачот, кој го предизвикал судирот целиот е крвав, но исто така имал алкохол во неговиот автомобил, признал дека пиел и се онесвестил зад воланот во два часот попладне по сообраќајката. Тој е сериозно повреден и можно е предвреме да ја заврши кариерата, се вели во соопштението.

Парсонс штотуку закрепна од повредата и се врати на теренот на 27 декември. Чендлер Парсонс ја започна својата НБА кариера во Хјустон, а потоа играше за Далас и Мемфис сè до пристигнувањето во Атланта минатата година.