На 20 годишнината од првиот дел најавен четвртиот „Матрикс“

254

Лана Вашовски го напиша и ќе го режира четвртиот филм „Матрикс“ со Кијану Ривс и Кери-Ен Мос кои ќе ги репризираат своите улоги како Нео и Тринити.

Варнер Брос и Вилиџ Родшоу ќе го продуцираат и глобално ќе го дистрибуираат филмот, објави Тоби Емерич од Варнер Брос, а пренесе списанието Варајати.

„Лана е вистински визионер – единствен, оригинален и креативен режисер – и ние сме воодушевени што таа го пишува, режира и продуцира ова ново поглавје во „Универзумот на Матрицата“, изјави Емерич. Покрај Вашовски, сценариото го пишуавале и Александар Хемон и Дејвид Мичел. Извори велат дека филмот очигледно е да започне со продукција во 2020 година.

За сега не се познати деталите околу заплетот, како и тоа како ќе се реализира улогата на Морфиус, кој во претходните филмови го играше Лоренс Фишбурн.

Инаку, трите претходни филмови – „Матрикс“, „Матрикс Повторно“ и „Матрикс Револуции“ – имаат заработено повеќе од 1,6 милијарди американски долари на глобалниот бокс офис. Сите беа напишани и режирани од Лана и нејзината сестра Лили (претходно познати како браќата Лери и Енди Вашовски), и секаде во главните улоги играа Ривс и Мос.

„Многу идеи што Лили и јас ги истражувавме пред 20 години за нашата реалност сега се уште порелевантни. Многу сум среќна што ги вратив овие ликови во мојот живот и благодарна сум за уште една шанса да работам со моите брилијантни пријатели “, рече Лана Вашовски.

Првиот „Матрикс“ ја има својата 20-годишнина оваа година, што ќе биде обележано со специјални проекции на 30 август.