Хорор повреда беше забележана на УФЦ натпревар во Сиднеј. Натпреварот помеѓу Дин Максвел и Рандал Реј за титулата во тешка категорија траеше само 20 секунди, а заврши со болен крик на досега непоразениот Максвел.

Уште на почетокот на натпреварот, Реј му зададе само навидум безопасни удари во потколеницата на противникот, кој не успеа соодветно да го блокира. Се чинеше дека Реј не му нанесе голема штета на Максвел се додека не застана на десната нога со целосна тежина, а потоа истата му се скрши на местото на ударот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Urban Fight Night (@urbanfightnight)

Судијата веднаш ја прекина борбата.