На првомајскиот митинг во Дизелдорф: Германскиот канцелар го нарече пацифизмот застарен

101

Германскиот канцелар Олаф Шолц вети дека ќе продолжи да ја поддржува Украина со пари, помош и оружје и рече дека пацифистичкиот пристап кон војната е застарен.

На првомајскиот митинг во Дизелдорф, Шолц рече дека го почитува пацифизмот и сите  ставови, но дека граѓанинот на Украина мора да изгледа цинично кога ќе му кажат да се брани од агресијата на Путин без оружје.

Германскиот лидер исто така предупреди дека војната ќе има последици за снабдувањето со храна и дека може да доведе до светска криза со глад.

Зголемените цени на храната и прекините во снабдувањето од Русија и Украина ги загрозија земјите од Блискиот Исток, Африка и делови од Азија.