На Мбапе славата му удри во главата

365

Иако со убедлив триумф од 7:1 заврши дерби натпреварот против екипата на Лил, атмосферата во соблекувалната на актуелниот шампион на Франција, тимот на ПСЖ и понатаму е далеку од идеална. Популарните „светци“ на импресивен начин ја отворија новата сезона во Лига 1, но ситуацијата во таборот на ПСЖ и понатаму е тензична.

Откако го потпиша новиот договор, брзоногиот напаѓач, Килијан Мбапе, драстично го промени своето однесување, покажува сила, прави хаос во соблекувалната и не е во добри односи со останатите тимски колеги.

Мбапе пред три месеци потпиша нов 3-годишен договор со ПСЖ, а за ставениот потпис доби невидено богатство и голема моќ. Веднаш откако го потпиша новиот договор, Мбапе доби бонус од 100 мил. евра, а во следните три години ќе има неделна плата од милион евра. Сепак, тоа не е се. Покрај парите, Французинот доби големи привилегии. Му беше ветено дека ќе биде прва ѕвезда во тимот, а тој побара играта на тимот да биде прилагодена на негофите перформанси и побара да ги изведува ударите од белата точка.

Бразилскиот портал „УОЛ Еспорте“ откри дека од клупскиот претседател, Насер Ал-Келаифи, побарал веднаш од тимот да бидат избркани сите Аргентинци, а исто така не сакал да соработува и со пријателите на Лионел Меси, Андре Ерера, Неимар и Кејлор Навас.

За време на првенствениот дуел против Монпеље, Мбапе збесна откако Неимар не му дозволи и по втор пат да го изведува ударот од белата точка. Камерите ја снимија неговата реакција додека разговараше со Меси и Неимар, а беше снимен и како намерно го турка со рамото Меси како да сака да му каже кој е главен на „Паркот на принцовите“.

Француските медиуми пишуваа дека спортскиот директор, Луис Кампос одржал состанок со Неимар и Мбапе веднаш по натпреварот. Французинот бил бесен како рис затоа што очекувал клупските челници да застанат на неговата страна, но тоа не се случило.