На мала сцена: Комичната опера „Рита“ во НОБ

77

На малата сцена во Националната опера и балет Во вторник, вечерва (24 септември) со почеток во 20 часот, ќе биде изведена комичната опера во еден чин „Рита“ од Гаетано Доницети.

„Рита“ е приказна за младата и убава Рита, вплеткана во сплетките и интригите на брачните недоразбирања со комичен, но среќен завршеток.

Солистичка екипа ја сочинуваат: Александра Лазаровска Василевски како Рита, Јане Дунимаглоски, Кристијан Антовски и Борко Биџовски.

Режисер е Трајко Јордановски, а диригент Андреја Наунов.