Федералното биро  објави награда од 100.000 американски долари за секоја информација што ќе доведе до апсење на Игнатова која е единствената жена на листата на 10 најбарани на ФБИ.

Ружа Игњатова, позната и како „исчезната крипто-кралица“, е ставена на листата на 10 најбарани лица на ФБИ. Бугарката, за која се верува дека има 40 години, се бара поради нејзината наводна улога во водење на измама со криптовалути позната како „OneCoin“.

Федералните истражители ја обвинуваат дека водела шема за измама на жртвите за повеќе од 4 милијарди долари. Таа е исчезната од 2017 година, кога американските власти потпишаа налог за апсење и истражителите почнаа да ја бараат.

Во 2014 година, OneCoin, една од првите криптовалути, почна да им нуди на клиентите провизија доколку ја продадат валутата на повеќе луѓе. Но, агентите на ФБИ велат дека OneCoin бил безвреден и никогаш не бил заштитен со технологијата „блокчејн“ што ја користат другите криптовалути.

„Таа одлично ја смисли својата шема, користејќи шпекулации во кои луѓето веруваа кога криптовалутите штотуку се појавуваат“, рече Демијан Вилијамс, највисокиот федерален обвинител на Менхетен.

ФБИ ја додава својата листа на најбарани кога верува дека пошироката јавност можеби ќе може да помогне да се најдат. Известувањето на бирото издадено во четвртокот нудеше награда од 100.000 американски долари за секоја информација што ќе доведе до апсење на  Игнатова, која беше обвинета во 2019 година по осум точки, вклучително и измама по електронски пат и измама со хартии од вредност.

Таа е единствената жена на листата на 10 најбарани на ФБИ.

Се претпоставува дека Игнатова има висококвалитетни лажни документи за идентификација и дека го променила својот изглед. Последен пат била видена како се качува на лет од Бугарија за Грција во 2017 година и потоа исчезна.