На изборите за градоначалник во Еквадор победи кандидат убиен ден во пресрет на гласањето

50
Фото:Твитер

На изборите за градоначалник на градот Пуерто Лопез во Еквадор победи кандидатот Омар Менендез, кој беше убиен само неколку часа пред отворањето на гласачките места.

Вооружени напаѓачи упаднале и во просториите на неговата партија во саботата и го убиле Менендез и уште еден малолетник, јавува Би-би-си.

Полицијата во Порто Лопез соопшти дека се уште го истражува можниот мотив за нападот.

Се очекува член на партијата на која и припаѓа Менендез да го замени убиениот политичар на местото градоначалник.

Менендез не беше единствениот политичар што беше убиен во пресрет на изборите.   Две недели претходно беше убиен и кандидатот за градоначалник на крајбрежниот град Салинас, Хулио Цезар Фарасио.