Христијан Мицкоски, повторно  ја повика власта да понуди било кој датум за претседателските и парламентарните избори напролет и побара во вториот круг од гласањето за нов шеф на државата, да се гласа и за новиот парламентарен состав, односно во тој ден да има двојни избори. Премиерот Димитар Ковачевски пак не отстапува од кажаното-  може да се разговара за финесите за датумот за изборите, но датумите да бидат во рамки на законските прописи. Категорично ја отфрли понудата на опозицијата за двојни редовни претседателски и парламентарни избори напролет, а според него за датумот за избори треба да се разговара во рамки на работната група во Министерството за правда.

 

Нема никакви контакти на релација власт – опозиција околу формирањето на работните групи за датум за изборите.  Лидерот на опозицијата Христијан Мицкосkи уште еднаш  повика тие да се формираат час поскоро, порачувајќи дека локацијата за средбите треба да биде Собранието, а не Министерството за правда, откако премерот Ковачевски го повика да делегира свои претставници во работната група која работи на Изборниот законик и таму се договорат и датумите за изборите.

– Кога претходно Министерството за правда и неговите тела и органи одлучувале за датум на избори? За тоа одлучува Собранието и политичките партии застапени во него. Во министерството за правда може да разговараат за модалитетите на изборите во закони и евентуално конечно да се одважат да им ги прифатат барањата на помалите коалициски партнери на СДС за една изборна единица, барање со кое ги влечат за нос од почетокот на мандатот. Повикуваме Ковачевски и СДС да се вразумат и да седнат заедно со ВМРО-ДПМНЕ да се договори датум за избори веднаш, датум со кој ќе се овозможи вториот круг од претседателските и парламентарните избори да се совпаднат со цел Македонија да заштеди средства и да се одбегне уставна криза. Ова е рационален предлог и во корист на граѓаните и на државата. Еднаш нека се одважи Ковачевски да направи нешто што е во интерес на народот“, пишуваат од партијата.

Во однос на Изборниот законик, Мицкоски порача дека иако ВМРО-ДПМНЕ немала свој преставник во работна група, дека за предложените измени ќе се произнесат во Собранието.

Мицкоски, повторно  ја повика власта да понуди било кој датум за претседателските и парламентарните избори напролет и побара во вториот круг од гласањето за нов шеф на државата, да се гласа и за новиот парламентарен состав, односно во тој ден да има двојни избори.

Премиерот Димитар Ковачевски пак не отстапува од кажаното-  може да се разговара за финесите за датумот за изборите, но датумите да бидат во рамки на законските прописи. Категорично ја отфрли понудата на опозицијата за двојни редовни претседателски и парламентарни избори напролет, а според него за датумот за избори треба да се разговара во рамки на работната група во Министерството за правда, која требаше да ги изготви измените на Изборниот законик во согласност со препораките на ОБСЕ. Според него, секој друг формат во кој би се разговарало за датум за избори би бил вонинституционален.

„Единствено ВМРО-ДПМНЕ нема делегирано свој претставник, така што јас ги поттикнувам да делегираат свој претставник, бидејќи не може една или две партии да одлучуваат за процес во кој учествуваат повеќе од 30 политички партии. Местото за такво нешто е во работна група, којашто како и секогаш тоа го прави. Таму ќе бидат финално усогласени препораките на ОБСЕ-ОДИХР за законот и исто така може да се разговара за точниот тајминг на изборите“, рече Ковачевски.

ВМРО-ДПМНЕ претходно не назначи свои претставници во работната група на Министерството за правда, но од партијата кажаа дека ќе ги поддржат измените штом ќе бидат изготвени, зашто, како што велат, станува збор за технички измени за кои даваат согласност.

Во меѓувреме, албанската опозиција повтори дека е за двојни избори на еден трошок, но инсистира и што поскоро да се распише оглас за нов член на ДИК, која во моментов функционира со шест членови, наместо седум. Четири члена се претставници на владејачките партии, а само двајца на опозициските партии бидејќи доскорешниот член Кренар Лога во меѓувреме стана дел од власта како министер за правда. Од БЕСА повикуваат власта да не ја одолговлекува процедурата за распишување оглас. Инаку се очекува оваа точка да се најде пред пратениците на седницата закажана за втори ноември.Неделава се очекува партиските тела на партиите кои го сочинуваат албанскиот опозициски фронт да донесат одлука за официјализирање на нивната соработка на претстојните парламентарни и претседателски избори. Од Демократското движење, Движењето Беса и Алтернатива велат дека вратите за влез во овој блок се отворени за секој политички субјект кој сака промени во албанскиот политички табор.

Албанската опозиција ќе има  и свој кандидат за претседател, но не се знае дали некој од лидерите може да биде кандидат или некој ќе биде именуван со заеднички консензус.Меџити, Касами и Гаши  велат дека секој датум за избори е прифатлив за нив и оти претседателските и парламентарните избори треба да се одржат заедно за да се избегне неразумно трошење среде економската криза.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, минатата недела  ги кажа можните датуми за одржување избори- двојни редовни претседателски и парламентарни избори би можеле да се организираат само меѓу петти и осми мај, иако оцени дека осми мај е критичен датум, бидејќи на 12-ти истиот месец новиот претседател на државата ќе мора да биде инаугуриран. Сите останати датуми пред петти мај, според Џафери, означуваат дека парламентарните избори би биле предвремени.  (В.М.Б.)