Американскиот тенисер Тенис Сандгрен, и покрај фактот што доби позитивен тест на Ковид 19, се качи на еден од 15-те организирани летови што ќе ги донесат тенисерите и нивната придружба во Мелбурн за настап на Австралија опен..

-Леле, јас сум во авион. Крег Тајли е волшебник. Бев болен во ноември, но се опоравив целосно. Разликата помеѓу двата позитивни теста е подолга од осум недели. Повторно се тестирав и не сум заразен во овој момент, рече 29-годишниот Тенис Сандгрен.

Австралија опен започнува на 8 февруари и ќе трае до 21, тој е одложен за три недели во споредба со вообичаениот термин, а околу 1.200 играчи веќе се упатија кон Мелбурн По пристигнувањето тениските работници ќе бидат подложени на ригорозно тестирање и карантин.