Германската компанија за производство на автомобили  Мерцедес, потврди дека неодамна од нивната музејска збирка во Германија продала автомобил од 1955 година. Mercedes-Benz SLR е продаден на приватен сопственик за 135 милиони евра, објави Си-ен-ен.

Со цената постигната на пазарот, ова е досега најскап продаден автомобил во светот, наведува Хагерти, компанија која ја следи вредноста и продажбата на колекционерски возила.

Со парите од продажбата, ќе биде основана светска Фондација Мерцедес-Бенц за стипендии, објавија од компанијата.

Претходно, највисока цена за продажба на авѕомобил била 70 милиони долари, исплатена во 2018 година за Ferrari 250 GTOод 1963 година.

Примерокот на Мерцедесот што бил неодамна продаден на затворена аукција во Штутгарт е само еден од двата прототипа на 300SLR Uhlenhaut Coupe.