Најплатената спортистка позираше во бикини и доби само негативни коментари

97

Јапонската тенисерка Наоми Осака, објави фотографија во бикини, но ниту во сон не можеше да замисли дека ќе добие толку многу негативни коментари. Најдобро платената спортистка во светот има само 22 – години и е победничка  на САД Опен во 2018 година и на Австралија опен во 2019 година, а голем број на следбеници на социјалните мрежи и  порачаа да престане да се бламира. Тие од неа побараа да не го нарушува добриот имиџ кој го градеше долги години.

-Немој да одиш предалеку, остани каква што си, за тебе во јавноста постои добра слика, немој да го упропастиш тоа и немој да одиш така ниско, беа дел од коментарите под фотографијата.

Меѓутоа и Наоми имаше што да им одговори на фановите на кои не им се допадна сликата.

-Сакам само да кажам дека се ежам од тоа колку луѓето ми пишуваат да го задржам „својот невини имиџ“ и да не се обидувам да бидам некој кој не сум. Не ме познавате, имам 22 – години и носам бикини на базен. Зошто мислите дека можете да го коментирате тоа што го носам? – порача тенисерката.

Осака минатата година заработи 37,4 милиони долари само од наградни фондови и спонзори. Тоа беше рекордна заработувачка за една спотистка, а претходно рекордот го дртжеше Русинката Марија Шарапова, а Осака ја престигна за пет милиони долари.