Најопасниот филм на сите времиња: 70 луѓе биле повредени пред камерите
Најопасниот филм на сите времиња, така со децении се нарекува филмот „Рикање“ (1982) или оригинално „Roar“. Во снимањето на филмот учествувале 150 недресирани лавови и тигри, а називот најопасен го носи поради тоа што биле дури повредени дури 70 членови на екипата за снимање. Главните протагонисти на филмот се нетипична двојка, кои со своите деца живеат на имот на кој има дури 150 диви животни, лавови, тигри, пума, јагуар и два слона. Режисер и сценарист на филмот е Ноел Маршал, кој глуми и главна улога, заедно со Типи Хедрен. Идејата за снимање ја добиле Маршал и неговата сопруга откако во домот во Лос Анџелес донеле лав. Маршал и Хедрен сакале да ѝ го привлечат вниманието на јавноста кон проблемот со загрозеноста на дивите животни, но избрале прилично погрешен начин.