Најмалку тројца новозаболени од кластерот “журка Градиште“!

 Засега, зразените се со благи симптоми и се на домашно лекување. Анкетите на заразените со кого се биле во контакт се во тек и до утре треба да се знае точната бројка на луѓе кои би заминале во самоизолација и се заразиле од нив. Инаку, за време на продолжениот викенд на социјалните мрежи од охридските плажи се споделуваа видеа на кои се гледаше како стотици млади собрани на плажа, се забавуваат без почитување на мерките. Не одржуваа дистанца и не носеа маски.   

124

Најмалку три лица од новозаразените од коронавирусот се дел од кластерот “журка Градиште“, а списокот се очекува да се зголемува, велат извори од Комисијата за заразни болести. Тие додаваат дека тројцата кај кои е потврдено дека се болни од ковид 19, потврдиле дека биле на забавите во Охрид за продолжениот илинденски викенд. Засега, зразените се со благи симптоми и се на домашно лекување. Анкетите на заразените со кого се биле во контакт се во тек и до утре треба да се знае точната бројка на луѓе кои би заминале во самоизолација и се заразиле од нив. Инаку, за време на продолжениот викенд на социјалните мрежи од охридските плажи се споделуваа видеа на кои се гледаше како стотици млади собрани на плажа, се забавуваат без почитување на мерките. Не одржуваа дистанца и не носеа маски.

Здравствените власти секојдневно потенцираат дека клучно во борбата против КОВИД-19 е почитувањето на мерките затоа што медицинските работници се преморени, а таков персонал не можеме да увеземе. Младите, како што велат, се поактивни и се поизложени на вирусот, а пензионерите повеќе внимаваат. Истовремено предупредуваат дека младите кои ќе завршат на респиратор, имаат големи проблеми.

-КОВИД-19 ги напаѓа и старите и младите, и со коморбидитети и без коморбидитети. Нема правило. Ова е сè уште нова инфекција за сите нас, ни треба повеќе време за да направиме релевантни статистики. Излезе дека вирусот се прилагодува и на зимско и на летно време. Сепак, оптимист сум и мислам дека трендот на заболени е во намалување, не во зголемување, изјави директорот на Центарот за јавно здравје – Скопје, Александар Стојанов.

И министерот Венко Филипче по којзнае кој пат апелираа до граѓаните да ги почитуваат мерките, потсетувајќи дека лекарите и медицинските лица секојдневно работат со заштитни маски и дополнителна заштитна опрема, но и во многу други професии вработените целиот работен ден го поминуваат со заштита. Потенцира дека не е тешко и нема оправдување за тие кои не носат маска, кои не ги почитуваат мерките.

– Носам заштитна маска затоа што водам грижа за моите најблиски – семејство, колеги и пријатели, затоа што секој од нас има одговорност да се грижи и за здравјето на тие околу себе. Грижата за себе во исто време е и грижа за тебе. Апелирам на почитување на мерките без исклучок! Само преку носење маска, често миење на рацете и одржување физичка дистанца можеме да го намалиме ширењето на вирусот. Да бидеме одговорни!, изјави министерот Филипче.

Заштитните маски кои служат за спречување на ширењето на корона вирусот сега се задолжителни во многу држави при излегување надвор, при влегување во продавници, при работа во канцеларии итн. Маските мора да ги покриваат и устата и носот, а може да се користат маски за една употреба или маски кои може да се користат повеќе пати со редовно и правилно перење и користење.

Меѓутоа, најбитно е да бидат ефикасни, а тоа можете лесно да го проверите со трик од една секунда. Симон Колсто, виш предавач по медицина базирана на докази на Универзитетот во Портсмут, објаснува дека најдобриот тест за проверка на ефикасноста на маските е тестот со свеќа.

Се што треба да направите е да ја ставите својата маска, да запалите свеќа и да се обидете да ја изгаснете свеќата додека ја носите маската. Ако успеете да ја изгаснете свеќата или го придвижите пламенот, тоа значи дека маската пропушта премногу воздух и не е ефикасна против ширењето на капките од инфекцијата. Ако пламенот остане запален и не можете да го поместите со здивот, вашата маска е доволно ефикасна.

Поради недостатокот на маски за заштита во аптеките, многу луѓе беа креативни и започнаа да прават сопствени. Меѓутоа, веднаш се јави и прашањето колку маски треба да направите за после секое носење на истите да ги си дезинфицирате со тоа што ќе ги исперете?

Експертите дадоа едноставен одговор на ова прашање – нема потреба од перење по секое носење. Се што треба да направите по доаѓањето дома е да ја вклучите пеглата и со пареата да ја стерилизирате маската која сте ја носеле.

Имено, пеглата на пареа од 100 степени е најдобра дезинфекција не само за маските, туку и за целата облека која сте ја носеле на себе – маичка, сако, панталони.

Исто така, на истиот начин може да ги дезинфицирате и перниците, завесите, односно се она што треба да дезинфицира во периодот кога има недостатокот од средства за дезинфекција.

Доволно е само еднаш да поминете со пеглата од секоја страна за вашата маска, па и облека да биде 100% дезинфицирана.

Статистиката на Министерството за здравство покажува дека моментно во државава имаме повеќе од 3700 активни случаи. Најмногу и понатаму во главниот град, а само во Пехчево нема ниту еден случај. Зад Скопје, според бројноста на активни случаи се Штип, Гостивар, Куманово, Струга, Тетово, Дебар…

Течење на носот, повраќање и дијареја нови симптоми на списокот за докажани знаци за ковид 19

Инаку, списокот на докажани знаци на ковид-19, неодамна објавен од Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), вклучува единаесет симптоми. Треска, кашлица и останување без здив беа првите три „официјални“ симптоми кои ЦДЦ ги призна кога вирусот САРС-КоВ-2 почна да се шири низ САД. Како што напредувале истражувањата, тие го прошириле списокот во април и сега го дополниле со уште три знаци, имено затнат нос или течење на носот, гадење или повраќање и дијареја.

За симптомите на списокот се смета дека се јавуваат два до 14 дена по изложеноста на вирусот, но списокот не го вклучува секој можен симптом на Ковид-19. На пример, некои пациенти имале невообичаен осип на кожата, а овој феномен сè уште не е додаден на списокот. Официјалниот список постојано ќе се ажурира откако ќе пристигнат нови информации за новата болест, за сега има единаесет симптоми, пишуваат хрватските медиуми.