Најмалку пет луѓе загинале, а 23 се повредени денеска во ерупција на вулкан во Нов Зеланд, соопшти тамошната полиција. Полициски извори велат дека има двоцифрен број на исчезнати луѓе.

 

Инаку, неколку моменти пред ерупцијата биле забележани туристи како шетаат кај кратерот на вулканот Вајт Ајленд.

Вајт Ајленд, познат и како Вакаари, е еден од најактивните вулкани во земјата.И покрај тоа, приватниот остров е туристичка дестинација со чести дневни тури и туристички летови.

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн на прес-конференција рече дека имало многу туристи на островот или околу островот. Таа ги уверува оние кои во тој момент имале свои блиски на тоа место дека полицијата прави сè што може.

Заменик-комесарот на полицијата, Џон Тимс, рече дека поради опасноста, службите за итни случаи не биле во можност да пристапат на островот.