Нашиот гол го натера да заборави на болката

16

Дефанзивецот на италијанската репрезентација Леонардо Бонучи проговори за „глумата“ на неговиот соиграч Чиро Имобиле во четвртфиналниот натпревар на ЕВРО 2020 против Белгија (2:1).

  • Понекогаш тоа се случува на теренот. Чиро беше удрен и падна. Радоста на голот на вакви натпревари е таква што го натера да заборави на болката. Се смеевме за тоа на теренот, направивме мала шега со Чиро, но на тоа се заврши, изјави Бонучи.

Во 31. минута од натпреварот Белгија – Италија, Имобиле како „покосен“ падна во белгискиот шеснаесетник за време на нападот на неговиот тим и почна да се превиткува. По постигнувањето на голот, напаѓачот веднаш се подигна и истрча да го прослави голот со своите партнери.

Вечер од 21 часот на „Вембли“ во Лондон, Италија ќе игра полуфиналниот натпревар на ЕВРО 2020 против селекцијата на Шпанија.