Научниците го вперија прстот: Постои виновник зад температурните рекорди

1341

Јулските топлотни бранови во Европа и Северна Америка ќе беа практично невозможни без климатските промени предизвикани од човекот, објавија научниците.

Силни топлотни бранови овој месец ја зафатија јужна Европа, делови од САД, Мексико и Кина, со температури над 45 степени Целзиусови, пренесува Sky News.

Влијанието на климатските промени е видливо во топлотните бранови кои ја погодија планетата овој месец, но тие стануваат се почести, заклучува студијата во рамките на меѓународната мрежа која ги испитува временските шеми (World Weather Attribution WWA).

Група научници кои ги проучуваат климатските промени заклучија, споредувајќи ги температурните рекорди, дека температурите измерени овој месец биле највисоки во изминатите 120.000 години, а веројатно и во историјата на цивилизацијата, според АП.

Утврдено е и дека согорувањето на јаглен, нафта и природен гас, што предизвикува зголемување на температурата, го направило топлотниот бран во Кина 50 пати поверојатно.

Во Европа на секои 10 години се случува силен топлотен бран

Истражувачите открија дека силни топлотни бранови сега може да се очекуваат околу еднаш на секои 15 години во Северна Америка, на секои 10 години во јужна Европа и на секои пет години во Кина.

Пожар на ридовите околу Монте Грифон во близина на Палермо на 25 јули

Пожар на ридовите околу Монте Грифон во близина на Палермо на 25 јули
Научниците предупредија дека доколку порастот на температурата достигне 2 степени, ваквите настани, како сегашниот топлотен бран, ќе зачестат и дека ќе се случуваат на секои две до пет години.

Без глобалното затоплување, таквите температури во Европа и Северна Америка секако би биле невозможни, додека топлотен бран во Кина би се очекувал само еднаш во 250 години, пишува Sky News.

Европскиот топлотен бран беше потопол за 2,5 Целзиусови степени, топлотниот бран во Северна Америка за 2 Целзиусови степени, а кинескиот топлотен бран за 1 Целзиус потопол поради климатските промени.

„Укинување на фосилните горива“
„Резултатот од оваа студија не е изненадувачки. Светот не престанува да согорува фосилни горива, климата продолжува да се загрева, но топлотните бранови стануваат поекстремни. Толку е едноставно“, рече Фридерике Ото, една од авторите на извештајот и климатолог во Институтот за климатски промени и животна средина Грантам на Империал колеџ во Лондон.

Таа додаде дека од витално значење е владите „да го озаконат крајот на фосилните горива на овогодинешната климатска конференција COP“.

Додека последиците од овогодинешните топлотни бранови нема да бидат целосно познати некое време, познато е дека околу 61.000 луѓе починале од причини поврзани со екстремните температури во Европа минатата година, според Sky News.