Натали дозна поради која девојка добила „рогови“

3840

Откако во јавноста беа објавени неколку фотографии од 25-годишната Французинка како ја напушта канцеларијата на Бенџамин Милепиед, сопруг на актерката Натали Портман, гласините за нивната брачна криза се уште погласни.

Парот наводно долго време се обидувал да го спаси својот брак, а еден извор за Page Six откри дека 45-годишниот поранешен балетан „прави се што може за да ја натера Натали да му прости“.

Францускиот магазин Voici, кој прв ги објави спорните фотографии, тврди дека нивниот брак повторно бил во криза откако Портман во март дознала за наводната афера за која се шпекулираше додека го снимала филмот „Мај декември“ минатата година.

Наводната љубовница на Милепид е 25-годишен активист за климатски промени, која на Инстаграм ја следат речиси 300.000 луѓе. Таа веќе се појави во бројни ТВ емисии во кои ги застапува своите верувања.

Младата Французинка е пријателка на светски познатата активистка Грета Тунберг, со која ги споделува своите верувања.

Автор е на книгата „За еколошки востание“: надминување на нашата колективна моќ и има создадено неколку кратки видеа на тема еколошка свест, кои ги промовира во медиумите, а француското издание на Vanity Fair ја вклучи на листата на 50 највлијателни жени во 2020 година.