Наследникот на Неимар ќе чини 120 мил. евра

137
Неимар до крајот на летниот преоден рок сигурно ќе ги напушти редовите на актуелниот шампион на Франција, тимот на ПСЖ, а раководните лица веќе ја започнаа потрагата по неговиот наследник.
Како што пишува британскиот таблоид, „светците“ се подготвени да одвојат 120 мил. евра за услугите на стандардниот првотимец во дресот на лондонскиот премиерлигаш Кристал Палас, Вилфред Заха. Летниот преоден рок за англиските клубови заврши на 8 август, но крилниот напаѓач сака по секоја цена да ја промени средината.
Челниците на Палас ги одбија сите понуди за Заха со образложение дека играчот вреди 120 мил. евра, сума која нема да претставува никаков проблем откако ПСЖ ќе се ослободи од услугите на Неимар. Освен тие на Заха, францускиот гигант сака да ги осигура и услугите на аргентинскиот интернационалец од редовите на Јувентус, Пауло Дибала, чија оштета делумно ќе биде покриена со продажбата на Бразилецот.
Шпанските гигант Реал (М) и Барселона покажаа најголем интерес за услугите на Неимар, но каталонскиот гигант полека но сигурно останува без опции. ПСЖ побара само парична сума, додека Барса понуди парична и ги понуди услугите на Осман Дембеле. Кога е во прашање Реал (М), „светците“ се помеки и се расположени за неколку комбинации, но Неимар е расположен само за преселба на „Ноу Камп“.