Кога ќе почувствувате дека сакате благо наместо по чоколадо посегнете по јаболко, ќе направите добра работа за вашиот организам

Простите шеќери ако се јадат во поголеми количества создаваат т.н. лош шеќер. Таквите шеќери брзо влегуваат во нашиот крвоток и брзо достигнуваат високи концентрации. Брзиот раст е проследен со брз пад па телото испраќа сигнали дека сака нова доза шеќер. За да се пробие овој маѓепсан круг се препорачува да се јаде храна, која освен  што содржи шеќери, има и некои други корисни и неопходни хранливи материи, велат нутриционистите.

Јаболко: Едно јаболко помага да се задоволи желбата за слатки. Тие содржат многу влакна кои заситуваат, се џвакаат долго време, па така телото испраќа сигнали на ситост. Ако се чувствувате гладни откако ќе изедете јаболко, јадете парче сирење заедно со јаболкото.

Пченка: Пченката е природно слатка и може да ја задоволи нашата желба за слатки. Покрај тоа, таа исто така содржи витамини, минерали и диетални влакна и е подобра опција за задоволување на желбите за слатки од индустриските бисквити.

Сладок компир: Слаткиот компир е сладок и може да се користи и во солени и во слатки јадења. Покрај сладоста, придонесува и  вашето тело да има бета-каротин и многу други витамини и минерали. Направете торта со слатки компири и цимет и  ќе ве воодушеви. Циметот е исто така голем сојузник во борбата против желбата за слатки бидејќи го спречува опаѓањето на шеќерот во крвта.

Домати: Доматите можат да ни помогнат да се бориме со напад за слатка храна заради нивната содржина на серотонин. Одредени истражувања покажаа дека ниското ниво на серотонин е виновно за зголемената желби за шеќер. Серотонинот е невротрансмитер кој му кажува на мозокот дека потребите на шеќер се исполнети.  (Л.Г.Д.)