Бразилската скијачка Бруна Моура доживеа сообраќајна несреќа и нема да може да настапи на Олимписките игри во Пекинг.

  • Седев на задното седиште и носев појас, лекарите рекоа дека тоа ме спаси. Овој пат нема да одам на Зимските олимписки игри, но жива сум, изјави скијачката за „Глобо“.

Според бразилската ТВ-компанија, возачот на автомобилот, кој починал на самото место, се обидел да направи опасно претекнување на патот и удрил во камион. Моура се здобила со скршеници на стапалото, раката, трите ребра и левото рамо.

Моура (27) со хеликоптер била пренесена во болница во Италија. Претходно Бразилката се натпреваруваше во Австрија и беше избрана за учество во нордиските дисциплини на Олимписките игри кои почнуваат на 4 февруари.