Над 16.000 граѓани останале без работа за време на пандемијата

36

Директорот на Агенцијата за вработување, Беким Мурати информираше дека вкупно 16.073 граѓани добиле отказ од работното место поради пандемијата на корона вирус.

-Од 11 март 2020 година, вкупниот број на работници 16.073 се одјавени врз база на тоа дека поради кризата го загубиле работното место. Во Агенцијата за вработување со состојба од 31.12.2021 година е регистрирано дека вкупниот број на активни баратели на работа се 130.982 и 54.618 кои се пријавуваат на шест месеци, додаде Мурати.

Пресметките на бизнис заедницата се дека оваа бројка е тројно поголема и се движи околу 40 илјади лица. Во Агенцијата за вработување има 185 илјади неваработени од кои 131 илјада  се активни а 54 илјади се пасивни баратели на работа.