Ривалството меѓу Роже Федерер и Рафаел Надал, по мислење на многу навивачи е најголемо во историјата на тенисот.  Затоа Швајцарецот со многу почит зборуваше за Шпанецот по егзибициониот меч со Александар Зверев во Аргентина.

-Тој е добро момче и голем играч. Кој би рекол дека повторно ќе биде број еден оваа година, откако прв пат на највисокото место на АТП се искачи пред 11 години?  Сите зборуваа дека ќе биде повреден, дека нема да успее, дека нема да биде здрав, а во некои моменти неговата игра беше брутална за телото. Но тој пронајде начин, па сега зад себе има уште една неверојатна сезона со две грен слем титули, изјави Федерер и додаде:

-Сега има 19. грен слем титули , а јас многу уживав кога бевме заедно на теренот во Лејвер купот. Многу научив од него, тој е голем шампион, одличен за тенисот и среќен сум што имавме така добра битка, особено на Вимблдон и Ролан Гарос, дури и во Австралија. Бевме дел од епски натпревари, а тој можеби ќе биде запаметен како еден од најдобрите тенисери на сите времиња.

Швајцарецот кој со Надал одигра 40 натпревари и има скор од 16:24 зборуваше и за своето повлекување.

-Моменто не гледам ниедна причина да престанам да играм. Ќе се пензионирам кога телото ќе ми го каже тоа. Се уште сум способен да играм и пензионирањето за мене ќе биде многу тешка одлука, заврши Швајцарецот.