Шпанскиот тенисер Рафаел Надал, одлично ја започна сезоната, го освои 21. грен слем трофеј, продолжи со победи, но потоа повторно почнаа да го мачи старата болка – повредите на ногата.

Тој се врати на теренот во Рим, но беше елиминиран во четвртфиналето од Денис Шаповалов и ги загрижи своите навивачи бидејќи едвај го заврши тој меч. Тој истакна дека повредата не е нова и дека едноставно мора да живее со неа, но сега големо прашање е дали ќе игра на неговиот омилен турнир – Ролан Гарос.

Надал има 13 титули на Ролан Гарос, а сега шпанските медиуми пренесуваат дека не е сигурен дека ќе настапи оваа година. Како што објави „Марка“, најдобриот шпански тенисер на сите времиња, во Париз, пристигнал  заедно со својот лекар Анхел Руиз Котор. Во зависност од ситуацијата ќе направи стратегија за тоа дали ќе настапи на вториот грен слем во сезоната.

-Дали ќе одам на Ролан Гарос? Не сум повреден, јас сум играч кој живее со повреда, го поминувам тоа секој ден. Навистина е тешко, призна неодамна Шпанецот.

Покрај таа постојана болка во стапалото, тој има и повреда на реброто, а повремено го мачат и десниот лакт и левото рамо, како и десниот зглоб и двете колена.

Грен селмот во Париз, почнува за една недела, а дали Надал ќе игра ќе биде познато  пред самиот старт на турнирот во француската престолнина.