Претстојниот егзибициски меч меѓу Рафаел Надал и Карлос Алкаро во Лас Вегас предизвикува голема прашина. Двајцата најдобри шпански тенисери ќе ги одмерат силите на 3 март од 21:30 часот во „Мишелоб Ултра Арена“, а бидејќи е спонзориран од „Нетфликс“, овој меч го носи името „Нетфликс слем“.

Ќе присуствуваат 12.000 гледачи, билетите за трибината се со цена од 250 до 500 долари, додека седиштата покрај теренот чинат 3.000 долари. Но, она што всушност ги шокираше сите беа цените на приватните „лекции“, односно играњето тенис со еден од двајцата играчи – или и двете.

Така, приватна сесија со Надал или Алкараз чини точно 150.000 долари, а групна 50.000 долари. Поевтино е да се игра во групна класа со Тејлор Фриц и Френсис Тиафо (25.000 долари), а особено со Џон Иснер и Сем Квери (2.000 долари).

Бурни се реакциите на фановите на социјалните мрежи, а сите се во неверување зашто се наплаќаат толку пари за дружење со тениските ѕвезди. Целиот настан на шпански ќе го коментираат Давид Ферер и Фелисијано Лопез, додека на англиски Андре Агаси и Енди Родик.