Ракометната репрезентативка на Шпанија, Силвија Наваро, го продолжи договорот со Рокаса Гран Канарија и ќе остане уште една сезона да го брани голот на екипата.

Силвија има 42 години и ќе биде единствената ракометарка од Гран Канарија која ќе патува на Олимписките игри. Таа следната сезона со 43 години ќе ја игра деветата сезона во шпанската лига.

Искусната голманка својата кариера ја започна во Мар Сагунто, а потоа има играно за повеќе шпански клубови, Феробус Мислата, Ичако и Ремудас пред да се врати во Гран Канарија. Во меѓувреме беше дел и од ЧСМ Букурешт.