Му помогна на Меси да порасне 10 см, но сега го колне

148

Лионел Меси својот последен Мундијал го започна на болен и тажен начин. Иако важеше за апсолутен фаворит, репрезентацијата на Аргентина со 2:1 ја загуби пресметката против селекцијата на Саудиска Арабија. Капитенот на „гаучосите“ успешно го реализира ударот од белата точка, но тоа е никаква утеха за Меси најмногу поради изјавите кои пристигнаа од неговата татковина.

Дуелот со Саудиска Арабија требаше да биде само потежок тренинг за Аргентина ако се знае дека следни противници во групната фаза се далеку поквалитетните селекции на Мексико и Полска. Фудбалерот на ПСЖ во Катар дојде во топ-форма, но сликата од второто полувреме е јасен сигнал дека ја нема потебнаѕа хемија во аргентинскиот тим.

Нема дилема дека Меси е можеби најдобриот играч во фудбалската историја, а еден од најзаслужните за таквиот епитет е и неговиот доктор од детството кој му вети дека ќе му помогне да биде повисок од Диего Армандо Марадона.

Докторот направи се што беше во неговата моќ за да Меси ги добие неопходните сантиметри за да може да биде фудбалер, а тие 170 см му ги должи на Диего Диего Шварцстеин.

  • Лео ме праша дали ќе поране доволно за да биде фудбалер. Му одговорив: „Не се секирај, ќе бидеш повисок од Марадона. Не знам дали ќе бидеш подобар од него, но ќе бидеш повисок“. На крајот, јас бев во право. Марадона беше 167 см, а Меси 169 см. Такви беа и моите очекувања, изјави Шварцстеин пред неколку години.

Иако двајцата имаа совршен однос и додека Меси го носеше дресот на Барселона, Шварцстеин сега сака Аргентина да ги загуби сите три натпревари на Мундијалот во Катар.

  • Како Аргентинец, како човечко суштество, сакам да ги загубат сите три натпревари и да испаднат од СП 2022. Зошто? Убеден сум дека оваа популистичка влада ќе го искористи успехот на Аргентина да сокрие неколку работи. Можат да ја најават девалвацијата на валутата истиот ден кога ќе игра Аргентина затоа што сите ќе бидеме фокусирани на натпреварот. Бев сведок на многу кризи во мојата земја, но ова е најлоша. Статистиката покажува дека мора да заработувате околу 716 евра месечно за да преживеете, а просечната плата е околу 350 евра, изјави Шварцстеин.