МУ КАЖА ДВА ЗБОРА И МУ ПУКАШЕ ВО ГРАДИ: Премиерот ја нарече хероина полицајката што го усмрти напаѓачот од Сиднеј/ВИДЕО

3543
Printscreen/X

Напаѓачот од трговскиот центар „Westfield Bondi Junction“ во Сиднеј, кој по случаен избор избодел луѓе, бил застрелан од неименувана полицајка која австралискиот премиер Ентони Албанес во денешното обраќање ја нарече хероина.

Како што беше кажано при денешното обраќање на полициските службеници, полицајката разговарала со напаѓачот пред да пука во него. Таа го замолила да го спушти ножот, по што тој со ножот во раце тргнал кон неа. Во тој момент таа го застрелала.

„Сѐ што рече беше „Спушти го“ (мислејќи на ножот). Му кажала само еднаш. Потоа го застрелала во градите, тој паднал, а таа му пружила прва помош“, се вели.

Портпаролот на полицијата даде уште неколку детали.

„Таа се соочи со напаѓачот, брзо приоѓајќи му одзади. Кога таа го повикала, тој се свртел, ја погледнал и го подигнал ножот. Потоа таа го испразни шаржерот во него“, рече тој.

Како што беше најавено, на терен прва излегла полицајката.

„Таа добро се снаоѓа под вакви околности. Таа беше првиот офицер на местото на настанот. „Тоа е многу висок офицер“, беше речено.

Хероите кои го спасија избоденото бебе
До тој момент, за жал, напаѓачот веќе имал избодено неколку лица, меѓу кои и мајка и бебе кои се шетале во трговскиот центар.

Деветмесечното дете го преживеа нападот, но има сериозни повреди и е пренесено во болница на операција. Мајката починала неколку часа по нападот поради сериозноста на повредите, потврди полицијата.