Мустафа за Ора њуз: Косово – Албанија без граници, подготвена е платформа

137

Министерот за внатрешни работи на Косово, Екрем Мустафа, во ексклузивно интервју за тиранската телевизија Ора њуз, изјави дека е „можно целосно да се отстранат границите меѓу Албанија и Косово”.

-Тоа е можен проект, работните групи работеа на Предлог-платформата. Работните групи во Драч седум дена работеа на оваа платформа. Ние ќе се ангажираме во заштита на границите,потоа да имаме стабилна економија, макрофинансирање,да нема фискална евазија и да го одржуваме редот и безбедноста на земјите што ги прифаќаме. Оваа иницијатива ја побаравме за целиот регион и во иднина планираме да има еден вид либерализација на движењето во целиот регион, изјавил Мустафа.

Тој одговара и на прашањето дали Тирана и Приштина се консултирани за балканскиот Шенген.

-Овие консултации започнаа од последната средба меѓу владите на двете земји и како проект се појави од таа средба, но ние сепак мора да се подготвиме за ЕУ и интеграцијата во ЕУ. Во ЕУ не постојат граници. Треба да ги подготвиме и тренираме нашите тимови во иднина да бидат подготвени за интеграција во ЕУ, одговара Мустафа.

Тој високо ја оценува соработката на полициите на двете земји и унифицирањето на граничните премини.

Првот косовски полицаец кој во Албанија престојува во знак на солидарост со настраданите по силниот земјотрес што ја погоди земјата на 21 септември, се сретна со претседателот Илир Мета, со неговот колега Сандер Лешај, а го посети и Маминас,едно од погодените подрачја од земјотресот.